Три години затвор за Верушевски

Три години затвор на поранешниот разузнувач Зоран Верушевски за недозволено поседување на оружје, ваква пресуда пред малку донесе Кривичниот суд.

Zoran verushevski

Zoran VerushevskiТри години затвор на поранешниот разузнувач Зоран Верушевски за недозволено поседување на оружје, ваква пресуда пред малку донесе Кривичниот суд.

Тој на новинарите им поделил соопштение во кое стои дека не го признава овој суд.

На предходното рочиште тој еден час во судница објаснуваше дека пиштолот е на полицијата и таа треба да си го побара назад, а не да го апси за нелегално оружје. Од судот побара барем футролата од пиштолот кој го чува 32 години да му биде вратена назад.

Верушевски е виновен за нелегално држење оружје, е ставот на Обвинителството, а одбраната бараше ослободителна пресуда. Овие две спротивставени страни со аргументи докажуваа во завршниот збор дали Зоран Верушевски пиштолот што го чувал дома му е нелегално или службено оружје.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top