Три години без Тоше

Македонија денеска одбележува три години од загинувањето на Тоше Проески, еден од највлијателните пејачи во својата музичка историја.

 |  Маја Савиќ  | 
Todor Proeski
Тодор Проески

Како што информираат од фондацијата што го носи неговото име, денеска напладне ќе биде осветен 33-метарскиот челичен крст, изграден во негова чест на месноста Вршник во близина на манастирот „Свето Преображение“ во Крушево. Во негова чест ќе се одржи литургија за помен во црквата „Св. Богородица“, а предвидена е и организирана посета на неговиот гроб на месноста Гумење во Крушево.
Todor Proeski
Тоше Проески утрото на 16-ти октомври 2007-ма година загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Загреб – Липовац, во близина на Нова Градишка, Хрватска. Веста со неверување беше примена во Македонија и на Балканот, а за неговото загинување известија бројни светски медиуми.

Телото на Проески вечерта на 16-ти октомври беше пренесено во Скопје, а следниот ден беше погребан во Крушево со највисоки државни и верски почести. Владата го прогласи Проески за Заслужен граѓанин на Македонија, а денот на погребот, 17-ти октомври, беше прогласен за Денот на национална жалост.

Todor ProeskiЗагинувањето на Проески се случи на неполни две недели по неговиот последен, хуманитарен концерт одржан во Скопје под мотото „Образованието е одговорност на сите“. На него, Проески ги претстави својот последен издаден албум „Игри без граници“. Зад себе Проески ги остави и албумите „Некаде во ноќта“, „Синот Божји“, „Ако ме погледнеш во очи“, „Ден за нас“, „По тебе“ и „Божилак“. Постхумно беа објавени албумите „The hardest thing“ (Најтешкото нешто) и „Још увек сањам да смо заједно“ (Сеуште сонувам дека сме заедно).

Проески, роден на 25-ти јануари 1981 година, постигна голема популарност во Македонија и балканските земји. Во неговата биографија остана забележани настапот на Евровизија 2004 со песната „Ангел си ти“, победата на Беовизија во 2003-та со „Чија си“, прво место на „Славјански Базар“ во 2000-та година со „Тајно моја“, како и гранд-при наградата на Хрватскиот радиски фестивал со песната „Вежи ме за себе“ (Врзи ме за себе) во 2007-ма година.

Тоше Проески беше познат и по својата хуманитарна работа. Во 2004-та година беше прогласен за Амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ.

Во негова чест, во Македонија на два наврати се одржаа концерти – на 5-ти октомври 2008-ма, на годишнината од неговото загинување и во јануари 2009-та, во чест на неговиот роденден.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top