Денеска за трет пат ќе се сретнат лидерите на четирите најголеми политички партии на, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, со присуство на амбасадорите на САД и ЕУ во земјава, Џес Бејли и Аиво Орав.
Денеска за трет пат ќе се сретнат лидерите на четирите најголеми политички партии на, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, со присуство на амбасадорите на САД и ЕУ во земјава, Џес Бејли и Аиво Орав.
По одржаните две средби до сега, политичките лидери немаат постигнато никаков договор за излез од политичката криза.
ЕУ размислува за праќање специјален претставник во Македонија. Идејата да се испрати специјален претставник на ЕУ во Македонија стаса од лидерот на опозицијата Зоран Заев по неговото враќање од преговорите со Груевски во Стразбур.
Поради безбедносните импликации по настаните во Куманово, во Брисел доминирал ставот дека нивниот пратеник треба да има пошироки овластувања, односно да добие мандат на Специјален претставник за Македонија. Последен таков претставник на ЕУ во Македонија беше Французинот Ален Ле Роа, во периодот по конфликтот од 2001 година.
Според европскиот дипломат со кој НОВА разговараше, овие лидерски средби треба да состават “патоказ” кој води кон решение.
Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи денеска ја договораат рамката за дијалог.
На веќе одржаните средби кои завршија безуспешно беше заклучено дека за да напредуваат преговорите треба да се утврдат принципи за преговарање, да се обезбеди рамноправност и гаранции дека договореното ќе се почитува.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град