Третиот интернационален фестивал на виното Вино-скоп започнува в четврток во Скопје.
Годинава на фестивалот на виното изложуваат 40 винарии.
„Ќе има и винарии од Македонија кои до сега воопшто не и биле познати на македонската јавност.“ изјавија од Винаријата Темов, додавајќи дека храната ќе се купува со купони од 30, 50, 100 и 200 денари, а на самите влезови ќе бидат поставени 11 каси.
Оваа година понудата во забавниот дел е поголема од изминатите изданија на Вино-скоп. Најавени се гостувања од Шпанија, Италија,Полска, Романија, а ќе настапат и составите Синтезис, Баклава, Ристо Самарџиев, Јаков Дренковски.
Главен покровител на фестивалот е Градот Скопје.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град