Тони сакаше да не ликвидира сите четворица на масата

– Го гледав Тони во очите. Беше мртов ладен и имаше празен поглед. Не чувствуваше ни тага ни среќа, едноставно не трепна. Пукаше за да не ликвидира сите, изјавила девојката која го преживеа трикратното убиство што се случи во ресторанот „Биг Фиш“

 |  Маја Савиќ  | 
ubistvo
убиство

ubistvoУбиецот застана до нас и рече: „ Ркул, дигни ја главата!“. Јордан се уште јадеше и беше наведнат, па додека ја крена главата, Тони почна да пука кон него. Уште кога го испука првиот куршум знаев дека Ркул е мртов. Тони пукаше сакајќи да не убие сите што седевме на масата, рекла преживеаната девојка пред истражниот судија, објавува денешен дневник. Ова е дел од исказот на девојката што го преживеа трикратното убиство во ресторанот „Биг фиш“ во Трговскиот центар „Три бисери“ во Скопје што ја дала пред истражниот судија.

Таа раскажала како Тони Денковски со автоматска пушка ги изрешетил велешаните Јордан Јорданов – Ркулот (37) и Влатко Андреевски – Пичот (26), и полицаецот Владо Милошев (36) од Скопје. Девојката рекла дека ги познавала ‘Ркулот и Владо, а дента кога се случи трикратното убиство Пичот го видела вторпат во животот.

Во минатиот четврток Ркулот дошол во Скопје и и се јавил за да се видат. Заедно со Пичот отишле во ресторанот „Биг фиш“ и седнале на една од масите. По кратко време Ркулот му се јавил на познајникот Владо, кој живеел во близина. Го замолил да дојде, но тој рекол дека е зафатен со работа околу станот и оти ако можел, ќе дојдел подоцна, раскажала таа.

– Владо, сепак, дојде и ни рече да се преместиме на друга маса, на која тој редовно седел. По 5 до 10 минути влезе Тони, кого првпат во животот го видов тогаш. Беше со уште еден човек, но не го ни видов убаво. Дојде до нашата маса и се поздрави со Ркулот и со Влатко. Немаше никаква тензија, но немаше ниту некоја посебна срдечност. Не си кажаа ниту еден лош збор. Тој потоа седна дијагонално од нас и ручаше. Никој на нашата маса не го спомна подоцна – рекла девојката пред истражните судии.

Во истрага таа додала дека не забележала кога и дали Тони излегол од ресторанот, но следниот пат кога го видела тој стоел до нив држејќи во рацете нешто што прво и личело на крпа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top