Денес на социјална мрежа фејсбук изразија благодарност до оние кои ја поддржале.
Тимот на професорката Билјана Ванковска, еден од претендентите за добивање на независна кандидатура за престојните претседателски избори, денес излезе со соопштение по повод резултатите од собирањето на потписи од граѓаните за поддршка на нејзината кандидатура. Од таму велат дека Ванковска не успеала да ги собере потребните 10.000 потписи за да стане кандидат, но и дека овој законски консензус е превисок, односно двојно повисок од оној кој се бара во Словенија која брои приближно ист број на жители како Македонија.
Понатака во објавата на тимот на Ванковска стои: „Укажуваме на неподготвеноста на ДИК да овозможи навремени информации за бројот на канцеларии, за нивните локации и за работното време. Ако во првите денови имаше канцеларии кои воопшто не беа отворени, во последните два дена за чудо беа вложени дополнителни напори, орема и кадар за да се овозможи собирање потписи за актуелниот претседател на Републиката, а на надлежните им беше наложено да работат до полноќ. На тој начин, државните институции јавно се ставија во служба на власта. Во текот на целиот процес, граѓаните се соочуваа со притисоци, па и мониторинг од партиски структури, кои го оневозможуваа слободното изјаснување.“
Од тимот на Ванковска во објавата излегоа и со критика за известувањето од страна на медиумите, кои според нив повеќе известувале за бројот на собраните потписи отколку за тоа како течел самиот процес на собирањето на истите. Тие воедно се заблагодаруваат на сите граѓани за кои велат дека покажале завидно ниво на граѓанска свест.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град