Во тек е екстрадицијата на Демири и Исмаиловиќ

Министерот за правда Беџети изјави дека е во тек постапката за екстрадиција од Косово на првообвинетите во „Монструм“.

osomniceni
осомничени

Министерот за правда Беџети изјави дека е во тек постапката за екстрадиција од Косово на првообвинетите во „Монструм“.

Министерот за правда Блерим Беџети денеска изјави дека е во тек екстрадицијата на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, првообвинети во случајот „Монструм“.

монструм– Во име на Министерството за правда веќе се имаме изјаснето за екстрадицијата. Постапката тече како и за сите друи екстрадииции и комуникацијата меѓу македонското и косовското министерство за правда е одлична. Се тече по редовна постапка, рече Беџети, одговорајќи на новинарско прашање на конференцијата за Проектот за македонската судска пракса.

Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, по 11-месечно бегство, беа уапсени на 3-ти овој месец во Приштина. На 12. април минатата година кај Смилковското езеро без причина беа убиени Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и Борче Стефковски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top