Свлечиштето во општина Вевчани е санирано

Свлечиштето во општина Вевчани е санирано, состојбата е стабилизирана, соопштуваат денеска од министерството за транспорт и врски.

 |  Маја Савиќ  | 
vevchani
вевчани

VevchaniСвлечиштето во општина Вевчани е санирано, состојбата е стабилизирана, соопштуваат денеска од министерството за транспорт и врски. Одронот бил регистриран синоќа, неговиот размер бил со широчина од 150 до 200 метри и висина од околу два метри.Во расчистувањето била употребена механизација е направен импровизиран канал со кој наносите од црвен песок со вода се спроведуваат до одводен канал. Вклучената механизација и ангажираните екипи за санирање на состојбата се се уште на теренот и работат.
Се работи за одрони од трусно подрачје во место викано Крепо, кое се наоѓа во близина на свлечиштето во Вевчани. Од страна на  министерството  во 2007 година биле  издвоени средства за негово санирање во висина од 2.000.000 денари. Тогаш биле изградени пилоти со греди и ставени на длабочина до седум метри.
Во моментот состојбата е под контрола и  будно се следи состојбата се наведува во лиферуваното соопштение од Транспорт.

{loadposition content}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top