Светскиот експерт Филип Котлер во Скопје

Светскиот експерт, консултант на многу универзитети и компании и професор од областа маркетинг, Филип Котлер денеска пред македонските компании ќе одржи предавање на тема „Предизвиците на маркетингот во 21 век!“.

Filip Kotler
Филип Котлер

Светскиот експерт, консултант на многу универзитети и компании и професор од областа маркетинг, Филип Котлер денеска пред македонските компании ќе одржи предавање на тема „Предизвиците на маркетингот во 21 век!“.

Filip KotlerВо првиот дел од предавањето „Унапредување на улогата на маркетингот и односите внатре во компанијата“, Котлер ќе зборува за развивање односи меѓу маркетингот и продажбата, за  подобрување на односите меѓу маркетингот и развојот на производи, за развивање на односот меѓу маркетингот и огласувањето и за потребата од градење финансиска одговорност.

Во вториот дел од предавањето „Барање нови поволни шанси“, професорот Котлер  ќе се осврне на тоа како компаниите организираат барање идеи и за постапката на селекција.  Во третиот дел „Барање нови патишта за комуникација“ ќе се дискутира за користењето стратегија на усно пренесување, социјални медиуми, блогови, подкасти, спонзорско претставување на производи и други нови медиумски канали.
Во четвртиот и последен дел „Примена на нови технологии и мерење на резултатите од маркетингот“ Котлер ќе одржи предавање за примената на е-маркетингот, за унапредување на автоматизација на продажба и автоматизација на маркетинг и за користење маркетиншки дашбордови.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top