Над 100 еминентни светски борци за права на жената ќе учествуваат на меѓународната конференција “Мир и безбедност-феминистичка алтернатива“, што започнува денеска во Скопје.
На дводневната конференција е најавено учество на мировни активистки, политичарки, експертки и претставнички на образовните и владини родови институции од 23 земји од Европа, Блискиот Исток, Кавказот и САД.
Почесна гостинка на конференцијата ќе биде позната светска писателка Навал Ел Садави од Египет, која поради активизам за женски човекови права, во 80-те години од минатиот век беше затворена, а нејзините книги долго време беа забранувани.
Учеството на жените во процесот на донесување одлуки, религиски фундаментализам и женски граѓански права, репродуктивни и сексуални права, последиците врз жените од зголемувањето на милитаризмот, се дел од темите кои ќе бидат во фокусот на предавачите од Палестина, Грузија, Турција, Велика Британија, Шведска, Франција, Италија, како и Македонија.
Конференцијата се одржува по повод 10 години постоење и активна работа на Женската граѓанска иницијатива “Антико”.
Кампања за донесувањето на Законот за еднакви можности, обуки за зајакнување на капацитетите на жените во политиката и локалната самоуправа, обука на гласачи, мобинг се дел од нивните активности.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град