Страшните тајни на малолетничкиот затвор во Велес

Надвор од контрола е она што се случува во малолетничкиот затвор во Велес алармира народниот правобранител. После двете силувања на малолетници во затворот, во велешката полиција е пријавен нов инциден, објавува „Телма“.

zatvor
затвор

Надвор од контрола е она што се случува во малолетничкиот затвор во Велес алармира народниот правобранител. После двете силувања на малолетници во затворот, во велешката полиција е пријавен нов инциден, објавува „Телма“.

затворОд таму детали не откриваат ниту за напаѓачот ниту за жртвата но велат дека е настанот е сличен на претходнитево кои деца силуваа деца. Според правобранителот ова ги преминува сите граници. Иџет Мемети вели, во двата претходни случаи се јавува ист силувач, а најстрашно е што стражарите воопшто не пријавиле. Повика владата да преземе нешто оти до сега министерствот за правда и управата за извршување санкции која е надлежна за затворите ништо не сторила.

Директорката на управата за извршување санкции Лидија Гаврилова уште пред да и кажеме за што ја бараме рече ќе испрати соопштение за претходните случаи од летово. Но тоа не го стори. За вчерашниот настан слушна од нас, а бидејќи е на патување не упати кај директорот на затворот. Во телефонски разговор тој раскажа дека вчера имало тепачка меѓу 4 ца малолетници и сите завршиле во притвор. Вели тоа е вообичаено во затворот. Но кога случна дека можеби се работи и за полов напад го исклучи телефонот и повеќе не се јави. За она што се случува зад затворените врати во затворот за деца, револтирано реаѓираат од детската амбасада Меѓаши.

Според информациите на правобранителот ист силувач се јавува во двата случаи на силување. Во првиот група малолетници силуваа нивни врсник, во вториот еден штитеник извршил полов напад врз друг.  Против затвроските службеници кои не пријавиле силување веќе се поднесени кривични пријави. Најновиот инцидент од вчера се уште е во истрага. Но правобранителот вели дека мора итно да се реагира кај надлежните оти очигледно децата во затворот се препуштени сами на себе.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top