Три големи странски авиокомпании и еден инвестиционен фонд се заинтересирани за влез во капиталната структура на македонскиот редовен авиопревозник МАТ.
Три големи странски авиокомпании и еден инвестиционен фонд се заинтересирани за влез во капиталната структура на македонскиот редовен авиопревозник МАТ.
Ова денеска го пишува скопски Дневник, додавајќи дека МАТ ја потврдил информацијата, не наведувајќи ги имињата на потенцијалните инвеститори, ниту други детали.
Според извори на весникот МАТ бил интересен за инвестирање, бидејќи е редовен авиопревозник на Македонија и го поседува ИОСА сертификатот, кој го рангира МАТ меѓу најбезбедните во светот.
МАТ постои веќе 15 години, а во последно време со соочува со големи проблеми, предизвикани од глобалната економска криза.
Неодамна компанијата побара помош од владата за одложување на обврските кон АД Аеродроми на Македонија и Агенцијата за цивилно воздухопловство, поддршка за отстранување на блокадата за редовно летање во Германија и Италија и советодавна-експертска поддршка од Владата за менаџирање на кризата во МАТ.
Флотата на МАТ ја сочинуваат два авиона Боинг 737-500 и Канадер Си-Ар-Џеј 900 (CRJ-900).
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град