Ако некогаш недај Боже некогаш во куќа ви влезе извршител, тогаш еве што не смее да ви земе.
Ако некогаш недај Боже во куќа ви влезе извршител, тогаш еве што не смее да ви земе.
1)облека, обувки, долна облека и други предмети за лична употреба, постелнина, садови, мебел, шпорет, ладилник и други предмети со вообичаена вредност што служат за задоволување на основните потреби за домаќинството, доколку му се потребни на должникот и на членовите на неговото домаќинство;
2)храна и огрев за потребите на должникот и на членовите на неговото домаќинство за три месеца;
3)работен и расплоден добиток, земјоделски машини и други орудија за работа, семе, добиточна храна, алат, машини и други предмети што на должникот земјоделец или занаетчија му се неопходни за одржување на земјоделското стопанство, односно за вршење на занаетчиската дејност, во мера во која е потребно со тоа да се оствари минимален приход за неговото издржување и за издржување на членовите на неговото семејство;
4)книги и други предмети што му се потребни на должникот кој самостојно во вид на занимање со личен труд врши научна, уметничка или друга професионална дејност;
5)готови пари на должникот до месечниот износ кој според закон е изземен од извршување;
6)ордени, медали, воени споменици и други знаци на одликување и признание, венчален прстен, лични писма, ракописи и други лични списи на должникот, како и семејни фотографии
7)помагала што на инвалидот или на друго лице со телесни недостатоци му се дадени врз основа на прописите или што ги набавил сам, а се неопходни за извршување на неговите животни функции
Одредбите од ставот (1) точка 3 на овој член не се однесуваат на извршувањето заради остварување на парични побарувања на банките по основа на наменски кредити за развој на земјоделската, односно на занаетчиската дејност под услов таа можност да е изрично предвидена со договорот за кредитот.
Поштенска пратка или поштенска парична дознака упатена до должникот не може да биде предмет на извршување пред да му се врачи.
Со закон може да се определи дека и други подвижни предмети не можат да бидат предмет на извршување.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град