Што покажа првиот круг од изборите

Владеачката ВМРО ДПМНЕ и опозициониот СДСМ ги остварија своите цели во првиот круг на претседателските и локалните избори, кој донесе и промени меѓу партиите на Албанците во Македонијa.

logo
лого

Владеачката ВМРО ДПМНЕ и опозициониот СДСМ ги остварија своите цели во првиот круг на претседателските и локалните избори, кој донесе и промени меѓу партиите на Албанците во Македонијa.

Резултатите се главно очекувани, а вистинскиот однос на силите и довербата на граѓаните ќе го покаже вториот круг.

Централна фигура на првиот круг на гласање е Имер Селмани кој со високото трето место на претседателските избори носи значајни пораки. Најнапред, урнат е стереотипот за албанскиот електорат како послушна гласачка машина, под цврсто влијание на партиите.

izboriОпределувањето на избирачите за Селмани показател за нивната доверба кон двете најголеми партии на албанците во Македонија и јасен сигнал дека се потребни преиспитувања и во ДУИ и во ДПА.

Успехот на Имер Селмани носи и јасни пораки за подобрување на меѓуетничките односи, кои се движат по нагорна линија. Овој пат не се гласаше исклучиво според национална припадност и за високото трето место на Селмани, секако придонесоа и гласови на Македонци и припадници на други националности.

Владеачката ВМРО ДПМНЕ ги оствари главните цели поставени за првиот круг на изборите. Стратешка цел беше локалната власт со освојување на што повеќе градоначалнички места и превласт на партијата во советите на општините. Кон тоа речиси исцело беше насочена кампањата на ВМРО ДПМНЕ, бидејќи беше јасно дека кандидатот за претседател Ѓорге Иванов не може да победи во првиот, но сигурно влегува во вториот круг.

 

 

 

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top