Стипендии за средношколците

За ученикот да аплицира за надоместокот треба во надлежниот Центар за социјална работа да поднесе барање и потврда за редовен ученик.

srednoskolci
средношколци

Рокот за апликација е до 30 септември за да ги добие четирите исплати. Поднесоците пристигнати по овој рок значат дека ученикот нема да ја добие исплатата за првото тримесечје.

srednoskolciСредношколците од социјалните семејства ќе добиваат три илјади денари секое тримесечје, а правото на надоместокот ќе го остварува, мајката бидејќи домаќински ги троши парите, информираше вчера министерот за труд Диме Спасов.
Тоа е овозможено со програмата за условен паричен надоместок која во минатите три години се спроведуваше во четири модалитети во различни региони за да се утврди кој модел е најефикасен за правилно распределување на парите.

– Целта на оваа програма е инвестирање во младите генерации, со што ќе се подобрат условите за развој и образование на децата а со тоа во иднина ќе им се овозможи да имаат подобра позиција на пазарот на труд. Експертите кои ја правеа програмата оценија дека најефикасно е парите да се даваат во секое тримесечје одделно, а правото на надоместокот да го остварува мајката за парите да се искористуваат за предвидената намера, да ги надоместат трошоците за школување, рече Спасов.

Условот за ученикот да ги добие трите илјади денари е да биде редовен на 85 отсто од часовите во секое тримесечје одделно. Доколку не биде редовен во едно тримесечје, тој нема да биде исплатен без разлика дали бил редовен во наредните тромесечја.

– За пријавување потребно е во надлежниот Центар за социјална работа да поднесе барање и потврда дека е редовен ученик. Учениците треба да се пријават до 30 септември ако сакаат да ги добијат четирите исплати за претстојната година. Доколку аплицираат по овој датум, учениците ќе можат да ги добијат исплатите од наредните тромесечја. Последниот рок е 31 март, но во тој случај, ученикот ќе добие надоместок само за последното тримесечје, информираше Спасов.

Министерот се осврна на случаите во кои наводно на некои социјални семејства не им биле исплаќани парите од програмата и рече дека 94 отсто од учениците редовно посетуваат настава, а оние кои посетуваат редовно се исплатени.
Десет илјади ученици ќе го остварат ова право годинава, за што се предвидени 120 милиони денари. Програмата се реализира со средства од Светската банка.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top