Станишев на одделни средби со македонскиот државен врв

Бугарскиот премиер Сергеј Станишев денеска ја продолжува официјалната посета на Македонија, при што според најавите ќе оствари одделни средби со македонскиот државен врв.

Sergej Stanisev
Сергеј Станишев

 

Бугарскиот премиер Сергеј Станишев денеска ја продолжува официјалната посета на Македонија, при што според најавите ќе оствари одделни средби со македонскиот државен врв.

Предвидено е Станишев да биде примен од македонскиот претседател Бранко Црвенковски, претседателот на Собранието Трајко Вељановски, а ќе оствари и ткте-а-ткте средба со премиерот Никола Груевски.

Како што соопшти владината прес служба, на платото пред Владата, ќе биде организирана церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести за бугарскиот премиер Станишев.

Sergej Stanisev Бугарските медиуми најавија дека во агендата на Станишев било предвидено, тој заедно со Груевски, да присуствуваат на свеченото пуштање на новиот 400-киловолтен далновод во селото Дуброво, кој ќе ги поврзува двете држави.

Вкупната вредност на далноводот е проценета на 19 милиони евра. Неговата должина изнесува 150 километри, од кои 70 се на територијата на Македонија.

Станишев синоќа во Скопје во домот на АРМ присуствуваше на свечениот концерт по повод 15- годишнината од воспоставувањето дипломатски односи на Република Македонија со Република Бугарија.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top