Иста цена-помала грамажа

Чоколади, шеќер, сол, шпагети, макарони, кафе… се само дел од производите кои потрошувачите ги набавуваат за иста цена, со намалена тежина.

 |   | 
namirnici
namirnici

namirniciНамалувањето на тежината на производите, наместо зголемување на цените, стана практика на производителите чии производи ги преплавуваат продажните рафтови во супермаркетите. Чоколади, шеќер, сол, шпагети, макарони, кафе… се само дел од производите каде што скриената инфлација го зема својот замав. Ако минатата година за една цена можевме да купиме чоколадо од 100 грама, денес за истата цена добиваме чоколадо од само 75 грама. И малите чоколади од популарните светски брендови не останаа поштедени од скриената инфлација, па за иста цена од 25 денари, наместо 55-60 грама, денес добиваме само 42 или помалку грама чоколадо. Шпагетите и макароните од 500 грама се намалени на 400-350 грама, а пакувањата на одредени паштети исто така се “олеснети“ за пет до 10 грама. Дури ни пакувањата на сол и шеќер не се половина килограм, туку се намалени на 400 грама, а шише масло за јадење повеќе не е литар, туку 700 до 750 милилитри, иако се нуди по стара цена. Истата практика ја употребија и тутунопроизводителите, кои пред две години за да не ја зголемат цената на цигарите го намалија пакувањето од 20 на 19 цигари.

Организацијата за заштита на потрошувачите во Македонија веќе неколку пати ја информираше јавноста за променетата тежина на повеќе прехранбени производи и оттаму алармираат дека потрошувачите не треба да се доведат во заблуда преку несоодветно означување на цените на производите.
Трговците ги воведоа помалите пакувања на македонскиот пазар со цел да го избегнат револтот на граѓаните и да ги задржат потрошувачите без да предизвикаат бурни реакции поради, практички, поскапените производи.

НАЈЧЕСТИ ПРОИЗВОДИ СО НАМАЛЕНА ТЕЖИНА ВО МАРКЕТИТЕ:

1. КАФЕ, ШЕЌЕР, СОЛ

2. МАСЛО ЗА ЈАДЕЊЕ

3. ШПАГЕТИ, МАКАРОНИ, ЛЕЌА

4. ЧОКОЛАДИ

5. ЛЕБ И БЕЛИ ПЕЦИВА

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top