ССМ : Невакцинирате не можат да бидат избркани од работа

На работниците им укажуваме да ги следат препораките и упатствата на здравствените власти во поглед на процесот на имунизација, но потсетуваме дека пријавувањето за вакцинација е доброволно, велат од ССМ.

 |   | 

На работниците им укажуваме да ги следат препораките и упатствата на здравствените власти во поглед на процесот на имунизација, но потсетуваме дека пријавувањето за вакцинација е доброволно, велат од ССМ.

Не постои законска или каква било друга можност поради одбивање наредба од работодавач за некаква присилна вакцинација, да се загуби работното место, а на работниците им укажуваме да ги следат препораките и упатствата на здравствените власти во поглед на процесот на имунизација – реагира Сојузот на синдикатите на Македонија.

Оттаму потсетуваат дека ССМ во изминатиот период укажуваше на сериозноста од зголемен број пријави поради тоа што некои несовесни работодавачи на работниците не им дозволувале и ги попречувале во работни денови да се вакцинираат иако имале закажан термин за вакцинација по свој избор. ССМ бараше и денот за имунизација на работниците да се смета како платено отсуство од работа, но, за жал, ниту тогаш ниту денес тоа не е случај.

Пријавувањето за вакцинација е доброволно, а граѓаните преку пополнување формулар, прифаќаат дека ниту државата ниту производителот на вакцините не сноси никаква одговорност за евентуалните негативни последици од неа, па ги прашуваме работодавачите дали се спремни тие да сносат таква одговорност. Сето ова може да ги дестимулира работниците да се имунизираат, а со тоа се загрозува животот и здравјето на работниците, но и се попречуваат мерките на Владата за масовна имунизација на населението како единствен излез од здравствената криза – велат од ССМ по изјавите на министерот за здравство Венко Филипче администрацијата и вработените во приватниот сектор да се мотивираат да се вакцинираат.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top