Досега српските архијереи се покажале доволно ригидни во односот со МПЦ и не сакаат да се изјаснат кој би бил нивниот компромис во врска со подготвеноста да ѝ се даде томос за автокефалност на МПЦ.
Колку СПЦ е подготвена да направи компромис за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА? Се очекува ова прашање да биде дел од расправата на пролетниот собор на Синодот на СПЦ, кој се одржува веќе една недела.
Изминатите години српските архијереи се покажале доволно ригидни во односот со МПЦ и не сакаат да се изјаснат кој би бил нивниот компромис во врска со подготвеноста да ѝ се даде томос за автокефалност на МПЦ. Минатата година српскиот претседател Томислав Николиќ во официјална посета на Македонија рече дека долгогодишниот спор меѓу двете цркви е решлив, но за тоа треба да помогнат и политичарите.
Еден од предлозите за компромис е ослободувањето на Јован Вранишковски, расчинетиот владика од МПЦ. Според експертите, во последните десет години, откако беше прогласена Јовановата православна охридска архиепископија, Македонската и Српската православна црква не биле поблиску до можноста повторно да почнат со преговори. Оцените се дека оваа шанса МПЦ не треба да ја пропушти.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град