Околу 84.000 бесплатни електронски картички за плаќање патарина искористиле српските туристи што транзитираа низ државава на патот кон Грција. Нивната вредност изнесувала околу 1,2 милиони денари.
Околу 84.000 бесплатни електронски картички за плаќање патарина искористиле српските туристи што транзитираа низ државава на патот кон Грција. Нивната вредност изнесувала околу 1,2 милиони денари.
На 15 август се заокружија двата месеца, кога на граничниот премин Табановце српските туристи добиваа бесплатни М смарт-картички за да ги преминат патарините низ нашата држава по коридорот 10, како благодарност за отстапените бесплатни вакцини и вакцинација на нашите граѓани во Србија.
Во мај годинава Владата одлучи за српските возила што транзитираат низ Македонија во периодот од 15 јуни до 15 август да одвои околу 2,8 милиони евра за изготвување 200.000 М смарт-картички. На секоја од нив имаше доволно средства за плаќање на патарините од Табановце до Гевгелија и назад, ги изготви ЈП за државни патишта, а на граничниот премин Табановце ги делеше полицијата.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град