Среќна нова 2010, гасете ги цигарите!

Од 1 јануари идната година стартува 100-процентната примена на Законот за заштита од пушењето.

cigara
цигара

Од 1 јануари идната година стартува 100-процентната примена на Законот за заштита од пушењето.

cigaraПозади неговата целосна имплементација цврсто стојат Министерството за здравство и економија, Владата со цел да се обезбеди ефикасна здравствена заштита на македонското населението од најсмртоносниот порок.
Според министерот за здравство Бујар Османи, Законот предвидува забрана на пушењето во сите јавни објекти и простории. Министерот потенцира дека инспекторатот ќе бидат постојано на терен и ќе контролираат дали Законот се почитува.

-Договорени се контроли и во првиот час на имплементирање на Законот, бидејќи тој стапува на сила во 12 часот, на дочекот на Новата година, вели Османи. Според него казните за правните лица се од 2.500 до 4000 евра, а 150 до 300 евра за физичките лица.
Државните инспектори ќе дежураат за време на празници и ќе работат во две смени. Тие деновиве веќе добар дел од угостителските објекти ги имаат предупредено за да од први јануари кога ќе почне применувањето на Законот да немаат проблеми.
Македонија е втора земја во Европа по број на пушачи, со еден милион пушачи. Според анализите годишно во земјава се испушуваат 11.000 тони цигари, односно по глава на жител 5,5 килограми цигари. Османи нагласува дека од средношколската популација 20 проценти веќе се пушачи.

– Ова е најголемиот порок што убива во земјава, односно околу 500.000 граѓани на земјава е животно загрозени, им се заканува егзодус. Со Законот не само што ќе ги натераме пушачите да се откажат, истовремено ќе ги заштитиме и непушачите, вели Османи.
Според истражувањето на Светската банка во 2006 година, најефикасната мерка за намалување на бројот на пушачите не е данокот на цигари туку исклучиво стопроцентна забрана од пушењето.

-Пушењето прерасна во огромен општествен и економски проблем, бидејќи во земјите од ЕУе пресметано дека за лечење на болестите предизвикани од пушењето и за боледувања се трошат над 130 милијарди евра годишно што е околу 1,5 процент од БДП на ЕУ, нагласува Османи и додава дека во Македонија се трошат 80 милиони евра годишно за лекување на болестите предизвикани од пушењето. Министерот потсети дека во моментов за овој износ се набавува опрема за сите здравствени институции во земјава.
Министерот за економија Фатмир Бесими укажува дека имплементирањето на Законот ќе влијае на прометот на угостителските објекти, односно значително ќе го намали. Според него ќе има и економски импликации врз индустријата и врз одреден сектор на економијата, но тие ќе бидат краткорочни.

-Доколку се пресметува нето-ефектот врз буџетските средства и нето-ефектот врз економијата тој ќе биде позитивен, но проектот најкорисен ќе биде за граѓаните и нивното здравје, тврди Бесими. Тој нагласува дека целта е заштита на здравјето на граѓаните иако не се исклучени и ракциите на угостителите. Бесими е дециден и потенцира дека ако другите земји успеале да го реализираат овој проект тогаш можеме и ние. Саша Акимовски, директор на Државниот пазарен инспекторат вели дека инспекторите ќе бидат во мобилна состојба 365 дена во годината. Тој објасни дека објектите можат да адаптираат посебни простории за пушење каде што нема да се служи храна и пијалак.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top