Среќна Нова 2010, струјата од 1 јануари поскапа за 10%

Струјата за тарифните потрошувачи од први јануари 2010 година ќе поскапи најмногу до 10 отсто.

dalnovod
далновод

Струјата за тарифните потрошувачи од први јануари 2010 година ќе поскапи најмногу до 10 отсто.

Така покажале направените симулации од Регулаторната комисија за енергетика. На вчерашната подготвителна седница на РКЕ за новата цена на електричната енергија, енергетските компании ги доставија своите забелешки за признатите трошоци направени во текот на 2009 година. Конечната одлука за новата цена на струјата, односно точниот процент на поскапување, кој секако ќе го има, Регулаторна ќе го каже на почетокот на идната недела.

kabelСпоред претставниците од РКЕ, сите енергетски компании имаат доставено максимални барања за признавање на нивните трошоци, кои треба да се вкалкулираат во крајната цена. Доколку целосно се прифатат барањата на „ЕВН Македонија“, порастот на цената во делот на дистрибуција би изнесувал 34 отсто, рекоа од РКЕ. Производителот и увозник на струја, ЕЛЕМ, побарал 12-процентно зголемување, а МЕПСО над 10 отсто повеќе за услугата за пренос на електричната енергија. За потсетување, за разлика од МЕПСО и од ЕЛЕМ, „ЕВН Македонија“ не одеше годинава со конкретен процент на барано поскапување, туку само со пријавени трошоци, кои се за 34 отсто поголеми од лани.

Според Комисијата, ЕВН Македонија до РКЕ пријавила огромни трошоци за работењето како и за ненаплатените побарувања, пред да завршат постапките за присилна наплата, изјавија вчера надлежните. На компанијата и’ се признати како трошок 300-те илјади броила што се сменети кај тарифните потрошувачи, бидејќи со старите мерачи се остварувала дополнителна загуба на енергија од пет отсто.

Од ЕЛЕМ, пак, беа незадоволни од делот прифатен од Комисијата за трошоците за ископ на јаглен во рудниците во РЕК „Битола“ и во ТЕЦ „Осломеј“, поради различната методологија по која се направени пресметките. Незадоволство имаше и за количините на увезена енергија, бидејќи РКЕ предвидува ЕЛЕМ вгодина да увезе помалку струја, поради пријавеното поголемо производство со Енергетскиот биланс за 2010, од соларните електрани и од малите хидроцентрали. Од МЕПСО, пак, се незадоволни од делот на прифатените количини на хавариска енергија, бидејќи РКЕ им одобрува трошок за таа намена помал за 200 милиони денари од бараниот.

Последното зголемување на цената беше лани во ноември кога таа скокна за 13,5 отсто. (М.Т.)

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top