Со средства од ЕБОР ќе се градат патните правци Охрид – Пештани, Требеништа – Струга

Бордот на директори на Европска банка за обнова и развој  ѝ одобри на Република Македонија 305 милиони евра за финансирање инфраструктурни проекти, од кои 145 милиони евра за втората фаза од железничката пруга кон Бугарија, односно Бељаковце – Крива Паланка и 160 милиони евра за Програмата за национални патишта.

logo
Лого

koridor 8Бордот на директори на Европска банка за обнова и развој  ѝ одобри на Република Македонија 305 милиони евра за финансирање инфраструктурни проекти, од кои 145 милиони евра за втората фаза од железничката пруга кон Бугарија, односно Бељаковце – Крива Паланка и 160 милиони евра за Програмата за национални патишта.

Предвидена е и изградба на експресен пат од Охрид до Пештани кој ќе се гради над постоечкиот пат со што ќе се избегне гужвата кај плажите покрај Охрид во летниот период. Патот, како што рече, ќе биде со по две ленти во двата правци и излезни патишта кон плажите и населените места. Со овие средства предвидено е да почне и изградбата на автопат од Требеништа кон Струга, со што и граѓаните од тој дел на земјава ќе добијат можност да бидат поврзани со автопат.

Според информациите од ресорното министерство, средствата се добиени со рок на отплата 15 години со грејс период од 4 години и каматна стапка која во моментов изнесува 1,15% (6-месечен ЕУРИБОР плус 1%).

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top