Средба со командантот на НАТО Марк Фицџералд

Министерот за одбрана Зоран Коњановски,  попладнево ќе присуствува на прием на бродот „Клакринг“ на морнарицата на САД во пристаништето во Бар, што го организира адмирал Марк Фицџералд.

Fitzgerald i Konjanoski
Фицџералд и Коњаноски

Министерот за одбрана Зоран Коњановски,  попладнево ќе присуствува на прием на бродот „Клакринг“ на морнарицата на САД во пристаништето во Бар, што го организира адмирал Марк Фицџералд.
Станува збор за неформална средба на која ќе присуствува државниот и воениот врв на Црна Гора.
Министерот Коњановски и неговиот црногорски колега Боро Вучиниќ вчера по официјалните разговори ги потврдија одличните односи и договорија интензивирање на соработката меѓу двете земји кои делат исти стратешки цели – интеграцијата во НАТО и ЕУ.

Fitzgerald i KonjanoskiНа средба е дефиниран планот за соработка меѓу Македонија и Црна Гора во одбранбената сфера за 2009 година, кој опфаќа интензивирање особено во делот на обуката на припадниците на двете армии декларирани за учество во меѓународни мировни мисии со заемно користење на тренинг-центрите за потребите на црногорската, односно македонската армија, но и ја потврдува позицијата на Македонија на лидер и ментор во регионот на Западен Балкан во одбраната.
Тој се осврна и на неодамна спроведените избори во двете земји, со кои, како што истакна, и Македонија и Црна Гора го потврдија својот демократски и политички кредибилет и пратија јасна порака дека во наредните четири години ќе бидат фокусирани исклучиво на патот кон реформите и целосната ЕУ и НАТО интеграција.
Најави дека Црна Гора ќе и се приклучи на Македонија во мировната мисија во Авганистан со испраќање на медицински тим во рамки на медицинската група на земјите од Јадранската повелба распоредени во мисијата во таа земја. Тоа ќе биде прво учество во меѓународна мировна мисија на Црна Гора, која од 2006 година е членка на Партнерството за мир.
Според билатералниот план за соработка за годинава предвидени се и средби на ниво на началници на Генерал-штабовите на двете армии.

За време на престојот во Црна Гора министерот Коњановски се сретна и со претседателот на Црна Гора Филип Вујановиќ. Ја посети воздухопловната база на Војската на Црна Гора на воениот аеродром „Голубовци“, каде се запозна со дел од вооружувањето на хеликоптерскиот ескадрон.
Во рамки на дводневната посета делегацијата на македонското Министерство за одбрана ќе ги посети културно-историските споменици во црногорската престолнина, Цетиње и во Котор.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top