Средба Црвенковски – Кузмановиќ

Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски во рамките на дводневната официјална посета на Босна и Херцеговина, денеска ќе се сртне со претседателот на Република Српска Рајко Кузмановиќ и со градоначалникот на Сараево Алија Бехман.

Rajko Kuzmanovic
Рајко Кузманович

Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски во рамките на дводневната официјална посета на Босна и Херцеговина, денеска ќе се сртне со претседателот на Република Српска Рајко Кузмановиќ и со градоначалникот на Сараево Алија Бехман.

Шефот на македонската држава вчера на првиот ден од посетата имаше средба со претседавачот на Претседателството на БиХ Небојша Радмановиќ, со претседавачот на Советот на министри Никола Шпириќ и со членовите на Колегиумот на Парламентот.

Branko CrvenkovskiЗаеднички е оценето дека односите меѓу Македонија и Босна и Херцеговина се на највисоко политичко, но економската соработка меѓу двете земји не е на задоволително ниво. Светската економска криза, како што беше истаканто, има влијание врз економиите на двете земји поради што е неопходна зајакната регионална економска соработка и координација со цел да ублажат последиците.

Стратешка определба и на Македонија и на Босна и Херецеговина е интеграцијата во ЕУ и НАТО, констатираа претседателот Црвенковски и неговите босански домаќини.

Македонскиот претседател синоќа имаше средба и со медицинскиот тим на АРМ во мисијата Алтеа, како и со Македонци кои живеат и работат во Босна и Херцеговина.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top