Средба Црвенковски – Груевски

Претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски денеска ќе одржат средба на која ќе стане збор за прашања од заедничка надлежност на шефот на државата и на Владата.

Crvenkoski Gruevski
Црвенкоски Груевски

Претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски денеска ќе одржат средба на која ќе стане збор за прашања од заедничка надлежност на шефот на државата и на Владата.

Средбата, како што е најавено, треба да се одржи напладне, во кабинетот на претседателот на државата.

Nikola GruevskiНема потврда дека на средбата ќе се разговара за назначувањето нов специјален претставник на Македонија во разговорите за разликите околу името со Грција што се водат со посредство на ОН, по одлуката на претседателот Црвенковски да го разреши Никола Димитров.

Владата на Република Македонија вчера ги оцени како неточни информациите во некои медиуми дека новиот преговарач за името ќе се избира меѓу Зоран Јолевски, Благој Ханџиски и Ѓорѓи Иванов.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top