СРД: А1 телевизија провоцира

А1 телевизија провоцира и сака да предизвика максимално внимание со прекинот на програмата, велат од Советот за радиодифузија, кои уште од порано ја казниле телевизијата само со еднодневно неемитување на реклами.

 |  Маја Савиќ  | 
SRD
srd

А1 телевизија провоцира и сака да предизвика максимално внимание со прекинот на програмата, велат од Советот за радиодифузија, кои уште од порано ја казниле телевизијата само со еднодневно неемитување на реклами.
a1
„Казната им е изречена уште многу претходно, но тие сега решија да ја спроведат. Казната е 24 часа без реклами, но тие самоволно со цел да провоцираат и да предизвикаа максимално внимание целосно ја прекинаа програмата“, вели претседателот на Советот за радиодифузија Зоран Стефановски.

Тој додаде дека казната нема никаква поврзаност со моментална рекламна кампања на една политичка партија која се емитува на А1.

„Настрана моменталната ситуација, телевизиите мораат да разберат дека регулативите мора да се спроведуваат и во иднина ќе има многу темни екрани ако тие не се почитуваат“, предупредува Стефановски.

Инаку, СРД денеска ќе има седница на која ќе се разгледува состојбата со политичките рекламни кампањи кои почнаа редовно да се појавуваат телевизиите иако не е предизборна кампања.

Од Советот објаснуваат дека не е забрането политичките партии да се рекламираат надвор од предизборјето, но дека политичките рекламни спотови како и сите други потребно е да се категоризираат со цел да се заштити малолетна публика и останатите ранливи групи.

Претходно, контроверзниот спот нарачан од СДСМ што се прикажуваше на А1, предизвика лавина реакции кај организацијата за заштита на децата Меѓаши, кај Полиоплус – организација која се грижи за правата на инвалидите, како и кај неколку злоупотребени лица од кои едно дури и најави дека ќе се самоубие ако СДСМ и А1 не ја отстранат бизарната реклама.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top