Според Робертсон, Македонија подготвена за НАТО

Македонија има право да биде членка на НАТО, затоа што ги исполнува сите услови. Голема штета и скандал е тоа што земјата уште нема покана, изјави Џорџ Робертсон, поранешен генерален секретар на НАТО во вчерашното интервју за емисијата на МТВ „Отворено со народот“.

George Robertson
Џoрџ Робертсон

Македонија има право да биде членка на НАТО, затоа што ги исполнува сите услови. Голема штета и скандал е тоа што земјата уште нема покана, изјави Џорџ Робертсон, поранешен генерален секретар на НАТО во вчерашното интервју за емисијата на МТВ „Отворено со народот“.

sovet NATO– Грција има свои причини зошто го блокира процесот, но таа се разбира, како членка на Алијансата може да блокира секакви одлуки во рамки на НАТО. Затоа сега верувам дека и Македонија и Грција ќе покажат флексибилност околу прашањето за името и Македонија ќе стане членка на НАТО, рече Робертсон.

Тој потребата од флексибилност во преговорите ја образложи со предносите што земјата ќе ги добие ако го реши спорот и ако влезе во меѓународните институции.

– Цената за членствто во НАТО е огромна за една земја како Македонија и затоа името, дали е тоа Нова Македонија, Горна Македонија, Северна Македонија и големите историски текови ми се чини не треба да бидат предмет што ќе ја спречи Македонија да биде членка на НАТО, рече Робертсон.

Тој очекува брз компромис за името и влез во Алијансата оти, како што истакна, од тоа ќе имаат корист сите граѓани на Македонија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top