Според новиот закон, кастрација или еутаназија за агресивните кучиња

Според новиот закон за заштита и благосостојба на животните ако куче нападне два пати, веднаш ќе биде усмртено, а сопственикот  ќе добие забрана да чува кучиња, пишува Дневник.

pazi kuce
пази куче

kuceСпоред новиот закон за заштита и благосостојба на животните ако куче нападне два пати, веднаш ќе биде усмртено, а сопственикот  ќе добие забрана да чува кучиња, пишува Дневник.

Во случај кога куче ќе нападне човек или животно, се врши процена на околностите при нападот. Ако нападот не бил испровоциран или кучето е агресивно, а сопственикот сака да продолжи да го чува, тоа ќе биде кастрирано, а газдата ќе треба да посети обука. Ако кучето нападнало човек втор пат, тоа веднаш се одзема и се евтаназира, а сопственикот добива забрана за чување какви било кучиња во период од пет години – се вели во новиот закон, кој треба да биде усвоен по изборите.

Од АХВ објаснуваат дека ако некој сака да чува опасно куче, треба да исполни одредени услови и да го чува во заграден простор или врзано, а при движење, задолжително да носи маска.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top