Специјалците на „АРМ“, меѓу најдобрите во Европа

Специјалцте на АРМ на дело во зимски услови. На снежната покривка во Маврово, пред првиот човек на одбраната и свтарешините, војниците демонстрираа дека се подготвени за дејствување и во најекстремни услови.

specijalci
специјалци

Специјалцте на АРМ на дело во зимски услови. На снежната покривка во Маврово, пред првиот човек на одбраната и свтарешините, војниците демонстрираа дека се подготвени за дејствување и во најекстремни услови.

specijalecПронаоѓање и спасување ранет во зимски услови, пренесување болен по снег во планина, потрага по затрупани лица, преноќување во „мечкина дупка”… Ваква вежба во реални услови на снежната покривка во Маврово, изведоа специјалните единици на АРМ.
Пред првиот човек на одбраната и старешините специјалцте гио демонстрираа своите способности и во најтешки временски услови

– Уште еднаш можам да потврдам дека она што можевме да го видиме покажува дека војниците и старешините се подготвени да ги извршат соодветно сите поставени задачи. Со планот за набавки којшто е предвиден оваа година предвидена е и набавка на дел од опремата која што е потребна за единиците и во континуитет ги согледуваме финансиските можности за тоа да го покриеме, рече министерот за одбрана, Талат Џафери.

specijalecБригадниот генерал Васко Ѓурчиновски, изјави дека 5% од припадниците на полкот за специјални операции се жени и дека во текот на оваа година има план за пополнување на целокупниот персонал на единицата.

Оваа вежба е прва најавна активност по повод одбележувањето на Денот на специјалните единици – 1 Март, кога ќе се одржи и централна свеченост во касарната „Илинден“.

Снегот, ниската температура и непроодниот терен на лице место овде на регионалниот пат Маврово-Ростуше, ги тестираа специјалните единици на АРМ, колку се подготвени во вакви екстремни услови да се справат со опасност.
За време на посетата, припадниците на Полкот покрај редовните вежби на снег, ги презентираа и опремата и објектите за живот и престој на планина во зимски услови.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top