Советувалиште за работа со жртви на семејно насилство

Министерот за труд и социјална политика  Џељаљ Бајрами, во присуство на австрискиот амбасадо, Алојз Краут  во просториите на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на Град Скопје,  ќе го отвори Советувалиштето за работа со жртви на семејно насилство.

nasilstvo
насилство

Министерот за труд и социјална политика  Џељаљ Бајрами, во присуство на австрискиот амбасадо, Алојз Краут  во просториите на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на Град Скопје,  ќе го отвори Советувалиштето за работа со жртви на семејно насилство.

deteМинистерството за труд и социјална политика, во партнерство со Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Македонија „ЕСЕ“, започна со реализација на активности од Националната стратегија за заштита од семејно насилство 2008 – 2011, преку проектот „Превенција и сузбивање на семејното насилство во Република Македонија”. Една од активностите е отворање на советувалиште за работа со жртви на семејно насилство. Овој двегодишен процес финансиски е подржан од Министерството за социјална работа и заштита на потрошувачите на Австрија.

Целта на проектот за превенција и сузбивање на семејното насилство во Република Македонија, е спроведување на активности насочени кон унапредување на системот за заштита на жртвите преку подобрување на квалитетот на постоечките мерки за заштита и воведување нови директни сервиси, како и мултидисциплинарна едукација на професионалните структури што работат на оваа проблематика и воспоставување на единствен координиран систем за заштита на жртвите на семејно насилство.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top