Македонија има потенцијал но тој се уште не е искористен за развој на органското производство што е хит во светот.
Иако бројот на органските производители се зголемува во последните неколку години, сепак станува збор за слабо развиена дејност во споредба со светскиот просек.
Минатата година органската храна се произведувала на илјада педесет и пет хектари што е многу малку од вкупно обработливата површина во Македонија.
Регистрирани се вкупно 250 фармери, производители на органска храна. Врската помеѓу производителите и трговците засега е најголемиот проблем на кој му се придружува и недоволниот маркетинг.
,,Ние имаме услови за производство на органска храна меѓутоа самите преработувачки капацитети и трговците мислам дека не се доволно мотивирани за да може ова произведена органска да ја пренесат понатаму на нашиот пазар па и надвор од нашата татковина“, рече Ѓорѓи Хаџикотаров, претседател на Федерацијата на органски производители.
Органското производство во Македонија и годинава ќе се субвенционира со 71 милион денари. Пријавувањето на органските производители ќе трае до крајот на мај.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град