Вo Скопје прогласена епидемија на морбили

На територијата на Скопје Центарот за јавно здравје прогласи епидемија на морбили.

morbili
морбили

morbiliНа територијата на Скопје Центарот за јавно здравје прогласи епидемија на морбили. Регистрирани се 25 случаи на оваа болест, од кои осум се поврзани случаи, поради што е и прогласена епидемија. Дел од заболените се од околните села, а дел од градот. Од Центарот апелираат децата да се вакцинираат и предупредуваат дека од 2012 година е намален опфатот на деца кои се вакцинираат против заразни болести.

Првичните симптоми на морбили се слични на настинка и грип, кивање и покачена телесна температура поради што и болеста потешко се дијагностицира во првата фаза. Инкубацијата трае 10 – 11 дена без никакви симптоми, по што настапува болеста која е изразито заразна.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top