Јавното претријатие “Стрежево“ од Битола продолжува и оваа скијачка сезона за сите оние кои учат да скијаат или бордаат им обезбеди бесплатно користење на ски-лифтовите.
Јавното претријатие “Стрежево“ од Битола продолжува и оваа скијачка сезона за сите оние кои учат да скијаат или бордаат им обезбеди бесплатно користење на ски-лифтовите.
И оваа скијачка сезона продолжуваме со одлуката да сите оние кои учествуваат во ски – школите, односно учат да скијаат или бордаат, а ги користат терените на нашиот ски – центар, да бидат ослободени од плаќање на ски карта. Но, не самоиницијативно туку со препорака од нивните инструктори, групите деца да им бидат соодветно обележани со флуоросцентни маркери, за подобро распознавање, на терените или ски-лифтовите. Оваа одлука ние ја донесовме како општествено одговорна компанија, која сака да им излези во пресрет на сите кои денес учат, а за брзо ќе бидат наши гости и секако корисници на услугите на ски-центарот. Се надевам дека со оваа одлука, ќе “донесеме“ што поголем број на наши млади сограѓани на планина и ќе дадеме придонес да ги оттргнеме од пороците во ова модерно време и ќе ги насочиме кон спорт – истакна директорот на ЈП “Стрежево“ од Битола, Менде Граматковски.
Извор/Bitolanews
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град