Симон Трпчевски со настап во Аспен

Македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески вечер ќе настапи со Камерниот оркестар на Аспен во рамките на музичкиот фестивал во овој американски град.

Simon Trpcevski
Симон Трпчевски

Македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески вечер ќе настапи со Камерниот оркестар на Аспен во рамките на музичкиот фестивал во овој американски град. 

Simon TrpcevskiНа програмата е Вториот концерт за пијано и оркестар од Сен-Санс.

Ова е втор концерт на маестро Трпчески во САД овој месец. Минатиот викенд тој оствари  исклучителна изведба на

Вториот концерт за пијано и оркестар од Рахмањинов со Кливлендскиот оркестар, во рамки на „Блосом мјузик“ Фестивалот во Кливленд.

Пијанистот Трпчески овој месец имаше настап и со Кралскиот филхармониски оркестар на Ливерпул, во Велика Британија, под диригентската палка на Василиј Петренко. До крајот на јули, нашиот пијано виртуоз со рецитали и камерна музика ќе се претстави и пред публиката во Швајцарија и во Франција.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top