Покрај другото, измените овозможуваат и полесно ангажирање на сезонски работници, како и поголема заштита на нивните права.
Полесно ангажирање на сезонски работници со последните измени во Законот за работни односи. Овие измени, како што велат од Министерството за труд и социјална политика во исто време ќе обезбедат и полесен пристап до пазарот за труд за невработените, но и истовремено почитување на барањето на работодавачите за нивно полесно ангажирање.
Главна цел на измените, според портпаролот на Министерството за труд и социјална политика, Давор Политов, е пред се ангажирање на корисници на социјална парична помош и обезбедување на посебна заштита на одделни категории на работници.
„Она што е од особено значење е тоа што со законските измени ќе се овозможи и ангажирање и на корисниците на социјалната парична помош за вршење на сезонска работа без притоа потенцирам да го изгубат ова право за време на ангажирањето бидејќи ова право ќе им биде ставено во мирување. Откако ќе заврши нивниот ангажман потоа до месно-надлежниот Центар за социјални работи тие треба да достават потврда за престанок на договорот за вршење на сезонска работа со кој ќе потврдат дека извесен период биле ангажирани сезонски и дека врз основа на таа сезонска работа имаат остварено приход.“-вели Политов.
Политов додава дека приходот кој корисниците на социјална парична помош го оствариле за време на сезонската работа, нема да биде земен предвид при понатамошното остварување на правото на социјална парична помош. Според Министерството за труд и социјала, овие измени се правени во постојан дослух со бизнис заедницата и соодветствуваат на досегашните европски искуства.
„Станува збор за неколку конкретни законски решенија и тоа за вршење на сезонската работа да може да се заснова работен однос и без јавно огласување, но најмногу до 90 дена ангажирање. Дефиницијата за сезонската работа со измените е соодветна на дефиницијата за сезонска работа во другите европски земји, ова е практично теорија која што е преземена и која практично ја користи Меѓународната организација на трудот. Понатаму се утврдува временскиот период на траење на пробна работа за вршење на сезонската работа односно де предвидува пробната работа да трае до 3 работни дена. Станува збор за пократко време на траење на пробна работа за вршење на сезонска работа пред се поради видот и карактерот на истата и обезбедување на соодветна заштита на работникот.“-рече портпаролот Политов.
Другите измени вклучуваат и ограничување на максималното траење на дневното и неделно работно време на сезонските работници, како и рок од седум дена за отказен рок. Инаку, според податоците на Министерството за труд и социјална политика само минатата година во Република Македонија по овој основ биле ангажирани околу 102.000 лица, претежно во земјоделството, градежништвото и туризмот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град