Шеста Конференција за борба против корупција

Претставници на повеќе од 45 земји од Европа и Централна Азија ќе учествуваат на шестата Конференција за борба против корупција.

Ohrid
Охрид

Претставници на повеќе од 45 земји од Европа и Централна Азија ќе учествуваат на шестата Конференција за борба против корупција – предизвиците за проширувањето на ЕУ, што во организација на Владата на Република Македонија и Министерството за правда, во соработка со Transparency International и Транспарентност нулта корупција Македонија, се одржува денеска во Охрид.
OhridКонференцијата свечено ќе ја отвори премиерот Никола Груевски, а обраќања ќе имаат и вицепремиерот задолжен за европски прашања Ивица Боцевски, министрите за надворешни работи и за правда, Антонио Милошоски и Михајло Маневски, како и управниот директор на Transparency International, Кобус де Швард.
Пред присутните учесници ќе бидат прикажани иновативни гледишта за некои од најголемите предизвици со кои се соочува процесот на проширување на Европската унија и соседните земји, вклучувајќи предизвици како реформи за пристапување кон ЕУ и борба против корупција и перење пари.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top