Серија земјотреси со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала синоќа и утринава се регистрирани во валандовскиот регион.
Серија земјотреси со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала синоќа и утринава се регистрирани во валандовскиот регион.
Утрово во 8 часот и 33 минути е регистриран земјотрес со интензитет од три степени кој е почувствуван во Валандово и Богданци. Претходно во 7 часот и 25 минути и 6 часот и 48 минути се регистрирани уште два земјотреса со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала кои се почувствувани во Валандово.
Серијата земјотреси почна синоќа во 23 часот и 26 минути кога е регистриран земјотрес со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала. Земјотресот е почувствуван во Валандово и Богданци.
Сеизмолошката опсерваторија соопшти дека епицентарите се наоѓаат на околу 130 километри југоисточно од Скопје и потекнуваат од валандовското епицентрално подрачје.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град