Апаратите на Сеизмолошката опсерваторија при Природно- математичкиот факултет во Скопје, денеска регистрираа нови земјотреси од серијата со епицентри во дебарското епицентрално подрачје, на околу 110 км југозападно од Скопје.
Апаратите на Сеизмолошката опсерваторија при Природно- математичкиот факултет во Скопје, денеска регистрираа нови земјотреси од серијата со епицентри во дебарското епицентрално подрачје, на околу 110 км југозападно од Скопје.
По првиот најсилен земјотрес од серијата, синоќа во 23 часот и 49 минути, денеска се регистрирани уште десетина земјотреси, од кои шест се почувствувани во Дебар и други градови во западна Македонија:
– во 00 часот и 01 минута, со интензитет од 4-5 степени
– во 00 часот и 03 минути, со интензитет од 3 степени
– во 00 часот и 24 минути, со интензитет од 4 степени
– во 00 часот и 36 минута, со интензитет од 3 степени
– во 01 часот и 22 минути, со интензитет од 3 степени
– во 01 часот и 31 минути, со интензитет од 3-4 степени
Покрај почувствуваните земјотреси, до три часот имаше пет нови земјотреси почувствувани во Дебар и околината:
– во 01 часот и 59 минути, со интензитет од 4 степени
– во 02 часот и 07 минути, со интензитет од 3 степени
– во 02 часот и 11 минути, со интензитет од 4-5 степени
– во 02 часот и 34 минути, со интензитет од 3-4 степени
– во 02 часот и 59 минути, со интензитет од 3 степени во епицентарот според Европската макросеизмичка скала-1998.
Дебарчани исплашени од земјотресот ноќта ја минале под отворено небо, бидејќи во голем број куќи, особено во стариот дел на градот, земјотресите направиле пукнатини.
Изутрината е мирно, меѓутоа жителите на Дебар си уште се во паника и во најголем дел не ги пуштија децата на училиште.
Епицентарот на потресите е на 110 километри југозападно од Скопје.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град