Семинар за третман на жртвите на трговија со луѓе во Југоисточна Европа

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и заменик-амбасадорот на САД во Македонија Томас Навратил денеска во Охрид ќе го отворат тридневниот семинар посветен на Програмата за поддршка на развојот на транснационални механизми за третман на жртвите на трговија со луѓе во Југоисточна Европа.

Горадана Јанкуловска
Gordana Jankulovska

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и заменик-амбасадорот на САД во Македонија Томас Навратил денеска во Охрид ќе го отворат тридневниот семинар посветен на Програмата за поддршка на развојот на транснационални механизми за третман на жртвите на трговија со луѓе во Југоисточна Европа.

 

На семинарот ќе учествуваат над 130 лица од надлежни владини и невладини институции од ЈИЕ и претставници на соодветните институции и меѓународни организации од западноевропските земји.

trgovija– Со овој семинар се заокружува тригодишната програма во чии рамки беа изготвени меѓународни насоки за постапување со жртви на трговија со луѓе, кои содржат стандардизирани процедури за идентификација, помош, заштита, ресоцијализација и реинтеграција на жртвите, како и постапувањето со нив во текот на кривичната постапка, соопшти Министерството за внатрешни работи.  

МВР потсетува дека Владата на Република Македонија прва ги усвои стандардните оперативни процедури за постапување со жртви на трговија со луѓе, а тоа на национално ниво го направија уште девет земји-членки на Програмата (Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Романија, Молдавија и Косово).

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top