„За последен први септември без сеопфатно сексуално образование“ е мотото под кое денеска Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување -ХЕРА во Скопје ги повикува граѓаните да се потпишат на петиција во која се бара воведување на сексуално образование во училиштата.
„За последен први септември без сеопфатно сексуално образование“ е мотото под кое денеска Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување -ХЕРА во Скопје ги повикува граѓаните да се потпишат на петиција во која се бара воведување на сексуално образование во училиштата.
Драшко Костовски од ХЕРА информира дека сите предуслови за ваков предмет се остварени. Тие имаат изготвено рамка за сеопфатно образование изработена од стручни лица и од Министерството за образование и наука(МОН), имаат три стратегии во кои се предвидува воведување на сексуалното образование кои се потпишани од Владата на Македонија.
ХЕРА промовира и спот за сеопфатно сексуално образование, кој е осмислен од млади волонтери, а во режија на Чедо Поповски, со цел да им се одговори на младите за многуте прашања што ги имаат за сексот.
Министерот за образование на наука Спиро Ристовски денеска во Охрид ја отфрли иницијативата на Невладината организација „ХЕРА“ за воведување посебен предмет сексуално образование во образовниот систем на Македонија, како и предлогот за употреба на нивниот прирачник како средство за едукација на младата популација.
Тој појасни дека понудениот прирачник веќе има добиено негативно мислење на Бирото за развој на образованието, што за Министерството за образование е доволен показател дека не ги исполнува доволно условите истиот да биде употребуван во образовниот систем.
Министерот за образование нагласи дека ниту една иницијатива ниту притисок, или, како што рече, желба за добивање определени фондови или средства, нема да ги мотивира или да ги примора да прифатате било чија инцијатива, особено не учебници или прирачници во кои се поистоветуваат односите меѓу мажот и жената со истополовите релации. Уште повеќе, подвлече, што во посочениот прирачник на ХЕРА има куп експлицитни термини, тотално несоодветни на возраста на учениците.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град