Секојдневни протести за правда за младиот Мартин

“Убијци, доста беше молк“ е паролата која младите ја извикуваа на протестниот марш кој започна од плоштадот Македонија.

 |   | 
stop police brutality
стоп за полициска бруталност

Смртта на 22-годишниот Мартин Нешковски кој во неделата вечерта на прославата на ВМРО-ДПМНЕ беше брутално претепан од припадникот на полициската специјална единица “Тигар“, Игор Спасов, ги крена младите на нозе. Протести се планираат секој ден, а денешниот протест ќе се одржи во 18.00 часот пред споменикот на Мајка Тереза, каде што повторно ќе се соберат млади луѓе кои ќе го искажат својот револт против бруталното убиство на млад човечки живот.

parola-protesti

Ваквите вести редовно се пренесуваат преку Фејсбук и Твитер, од профил до профил или преку групите кои се појавуваат и исчезнуваат, па пак се појавуваат.

Учесниците се повикуваат како единствено оружје да го понесат својот глас и реквизити кои што прават бучава, но никако со насилство, а на тој начин да го искажат своето незадоволство против полицијата, која наместо да ги заштити, ги тепа младите.

Протестите овие денови почнаа скромно, на денот кога момчето беше убиено со педесетина лица кои што се собраа во градскиот парк. Продолжија вчера кога низ градот продефилираа речиси 1 000 луѓе. А од денес, секој протест ќе биде уште помасовен, сè додека правдата за младиот Мартин не се слушне јасно и гласнo.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top