Шефот на чешката дипломатија во Скопје

Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Чешка Јан Кохут денеска ќе престојува во работна посета на Македонија, во рамки на која ќе биде примен од државно владиниот врв.

Jan Kohut
Јан Кохут

Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Чешка Јан Кохут денеска ќе престојува во работна посета на Македонија, во рамки на која ќе биде примен од државно владиниот врв.

ПрагаКако што е соопштено, Кохут ќе биде примен од шефот на државата Ѓорге Иванов, претседателот на парламентот Трајко Вељаноски и премиерот Никола Груевски, а ќе разговара и со шефот на дипломатијата Антонио Милошоски и претседателот на Националниот совет за евроинтеграции Радмила Шеќеринска Јанковска.

Посетата на чешкиот вицепремиер и шеф на дипломатијата „се остварува во рамките на редовните активности и посети меѓу Македонија и Чешката со оглед на континуираниот развој и продлабочувањето на билатералните односи помеѓу двете земји“, соопштено е во Скопје.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top