Министерството за здравство инфомира дека од денеска е во функција уште еден пункт за тестирање на коронавирус во Поликлиниката Млин Балкан.
Министерството за здравство инфомира дека од денеска е во функција уште еден пункт за тестирање на коронавирус во Поликлиниката Млин Балкан.
Граѓаните на Скопје можат да се тестираат во четирите пункта во: Поликлиниките Јане Сандански, Ченто, Чаир и Млин Балкан. Со ова, двојно е зголемен капацитетот за тестирање во Скопје.
Од минатата недела во функција се и пунктовите во градовите: Штип, Тетово, Струмица, Прилеп, Охрид, Куманово, Кочани, Битола, Велес, Кавадарци, Гевгелија и Струга.
Граѓаните одат во пункт за тестирање само во точниот термин, закажан преку нивниот матичен лекар, а не директно во пунктот.
Граѓаните кои имаат симптоми на КОВИД-19, но и тие без симптоми треба да се јават кај својот матичен лекар и точно и вистинито да одговорат на епидемиолошката анкета. Согласно ова, матичниот лекар врз база на евалуација на здравствената состојба и податоците го спроведува тестирањето, односно укажува на тоа дали кај пациентот е потребно тестирање. Во овој процес, вклучени се близу 1200 матични лекари кои освен за детекција се задолжени и за следење на пациентите.
До крајот на неделата почнуваат со работа и други пунктови ширум државата во здравствените домови согласно големината на градот, што всушност значи трикратно зголемување, како што информираше на вчерашната прес-конференција министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче.
Министерството за здравство апелира до граѓаните да даваат веродостојни и точни информации во епидемиолошката анкета за нивната здравствена состојба, како и да ги почитуваат мерките од надлежните институции за заштита од коронавирусот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град