Само лекарите ќе носат бел мантил

Бел мантил ќе може да носи само лекар, медицинска сестра ќе носи светлосин, болничарот – светлосив, а техничкиот персонал ќе биде облечен во црвен или бордо комбинезон.

lekari
лекари

Бел мантил ќе може да носи само лекар, медицинска сестра ќе носи светлосин, болничарот – светлосив, а техничкиот персонал ќе биде облечен во црвен или бордо комбинезон.

Ова е регулирано во новиот протокол за начинот на вршење на здравствената дејност во здравствените установи од организациски аспект – болничка култура, кој вчера го промовира министерот за здравство Никола Тодоров.

Ова се прави за да се смени перцепцијата на несреденост во работењето на медицинскиот персонал во здравствените установи во државата, а ако некој се пожали на однесувањето на здравствените работници, предвидено е веднаш да се поведе дисциплинска постапка.

lekariОсвен тоа, овој документ ќе го регулира и начинот на комуникација доктор-презиме, сестра-име. Сестрата ќе треба да го најави пациентот пред да влезе кај докторот и веднаш да излезе, ќе има забрана за повишување на тонот, а ќе се уреди и начинот на телефонска комуникација, водењето приватни телефонски разговори и нивното максимално траење.

Со протоколот, кој е обврзувачки за сите вработени во ЈЗУ, се пропишува севкупниот однос на здравствените работници и функционирањето внатре во здравствената установа, а неговата цел е издигнување на нивото на услужливост и подобрување на односот кон пациентите со акцент на односот лекар-пациент, односите меѓу лекарите во установата, но и дефинирање на односот пациент-лекар.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top