Првиот фестивал на дански филмови во РМ

Филмовите кои ќе се прикажуваат во „Кинотеката на Македонија” беа дел од поголемите Европски филмски фестивали како фестивалот во Берлин, Солун, Брисел и Единбург.

danski film
дански филм

Филмовите кои ќе се прикажуваат во „Кинотеката на Македонија” беа дел од поголемите Европски филмски фестивали како фестивалот во Берлин, Солун, Брисел и Единбург.

danski film-Наша цел е да ги прикажеме филмовите со коишто се гордееме – вели Кристијан Јул Лемче, водител на проектот за филмски активности за време на данското претседателството со Европската унија. Фестивалот се организира по повод седмото претседателство на Кралството Данска со Европската унија и ќе трае четири дена, од 9-ти до 12-ти април.

Македонските љубители на филмот ќе имаат можност да го доживеат данскиот филм со сета своја разноликост.

Фестивалот ќе биде отворен на 9-ти април, во 20 часот со проекцијата на филмот „Во подобар свет” кој во 2011 година ја доби наградата Оскар за филм од не-англиско говорно подрачје.
На 10-ти април во 22 часот публиката ќе има можност да го погледне оскаровецот од 1988 година „Гозбата на Бабет”, а на 11-ти во 20 часот прикажан ќе биде филмот добитник на наградата „Кристална мечка” во категоријата најдобар филм за млади на Берлинскиот филмски фестивал во 2006 година со наслов „Ќе надминеме”.
Фестивалот на кој влезот е бесплатен за сите проекции, ќе биде затворен во четврток, 12-ти април, во 20 часот со проекцијата на документарниот филм „Добар живот”.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top