Ромите се борат против предрасудите

На вториот Самит на Ромите во Кордоба, претставниците од Македонија ќе ја претстават Црно-белата книга, односно позитивните и негативните примери од животот на Ромите.

 |  Маја Савиќ  | 
romski deca
ромски деца

romi na u;ilishteМладите образовани Роми од повеќе европски земји работат и се борат за промена на одамна вкоренетите стереотипи за нивниот народ и тивката дискриминација, која се’ уште постои. Тие се борат за промовирање на заедничка европска визија. Интернационалната кампања „Типичен Ром“, која се реализира во неколку балкански земји, меѓу кои и Македонија, беше чекор во таа насока.

Координаторот на проектот за Македонија, Мустафа Јакупов потсетува дека Ромите се тука и треба да им се посвети внимание, за и тие да го најдат своето респектирано место во општеството. „Во Македонија и покрај се’, како што констатиравме од проектот“, вели Јапупов, „за жал се’ уште постои тивка дискриминација на Ромите. Затоа овој проект е чекор напред против таа дискриминација“.

Образованието е просперитет за Ромите Јакупов заедно со своите колеги, ќе ја претстави Црно- белата книга од Македонија на вториот Самит на Ромите: „Секој народ има свои негативни и позитивни вредности. Во Црно-белата книга што ќе ја претставиме на Самитот на Ромите во Кордоба ние сакаме преку конкретни примери да им покажеме на другите народи дека освен негативни имаме и позитивни работи, да им кажеме на другите дека и ние вредиме“, вели Атика Демирова.

Семрани Идризовска, средношколка, кој е вклучена во проектот вели, дека преку него тие сакаат да ја сменат сликата за Ромите. „И тоа што е посебно за нас, преку промоција на тоа, ние се најдовме и самите себеси“, вели Идризовска. Таа на сите Роми на мајчин ромски јазик им упати порака: „Не се срамете да бидете Роми, не го кријте својот идентитет, бидејќи и ние Ромите имаме наша богата култура и традиција, која достојно треба да им ја презентираме на другите.“

Проектот „Типичен Ром“ и воопшто здружувањето на Ромите во невладини организации во многу придонесе за промена на свеста на младите Роми и за нивно се‘ поголемо вклучување во образованието, заклучува координаторот на проектот Мустафа Јакупов. Спроед него, само учени и академски образовани, Ромите можат да се борат и изборат за својот идентитет.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top