Рокот за субвенционирање занаетчии продолжен до 31-ви август

Министeрството за економија деновиве соопшти дека рокот за аплицирање на Јавниот повик за Субвенционирање на занаетчии и вршители на занаетчиска дејност ќе биде продолжен до 31-ви август 2015 година.

zanaetcija

Министeрството за економија деновиве соопшти дека рокот за аплицирање на Јавниот повик за Субвенционирање на занаетчии и вршители на занаетчиска дејност ќе биде продолжен до 31-ви август 2015 година.

zanaetcijaОвој оглас кој беше објавен согласно Програмата за конкурентност иновации и претприемништво за 2015 година, обезбедува кофинансирање на занаетчиите до 70% од докажаните трошоци, но не повеќе од 120.000 денари.

За трошоци во оваа програма се сметаат трошоците за Набавка на опрема и алат; Уредување и подобрување на деловниот простор; Изработка на визуелен идентитет на производ; Дизајн на производ; Надоместување на трошоци за добивање на мајсторска титула и Стручно оспособување на занаетчиите.

Право на учество на Јавниот повик имаат Занаетчии и вршители на дејност кои не добиле буџетски средства од проектите во 2012, 2013 и 2014 година; Занаетчии и вршители на дејност кои се регистрирани согласно Законот за вршење на занаетчиска дејност, имаат деловно седиште во Република Македонија и ги имаат подмирено сите обврски кон државата.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top