Со измените во Законот за легализација на бесправни градби рокот за поднесување на документите повторно се пролонгира, овој пат до декември 2015 година.
Со измените во Законот за легализација на бесправни градби рокот за поднесување на документите повторно се пролонгира, овој пат до декември 2015 година.
Образложението на Министерството за транспорт и врски за ваквите измени е да им се излезе вo пресрет на граѓаните. До пред повеќе од една година Министерството тврдеше дека нема да дозволи пролонгирање на роковите и дека граѓаните кои нема да ги легализирааат дивоградбите ќе бидат казнети.
„Измените се прават имајќи предвид дека добар број граѓани кои имаат поднесено барање за легализирање дивоградби не можеле да поднесат геодетски елаборати согласно Законот до јуни оваа година. Предвидено е до јуни да бидат поднесени околу 400 илјади барања за легализирање, а досега се поднесени околу 100 илјади геодетски елаборати“, рече заменик-министерот за транспорт и врски Џелал Бајрами.
Според последните владини податоци, до почетокот на годинава во општините се отворени 350 илјади предмети за легализација на дивоградби. Според Агенцијата за катастар на недвижности, до крајот на јануари процесот за легализација е целосно завршен за околу 90 илјади дивоградби.
Во однос на измените во законот за легализација на терасите, граѓаните имаат дополнителен рок до 30 јуни 2015 година за поднесување барање за утврдување правен статус на овие површини од објектите, со тоа што тие треба да бидат изградени во периодот до 3 март 2011 година.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град