Ова е последната новина која ја воведе Министерството за образование и наука, а како дел од проектот „Информиран родител“.
Од денес родителите можат да ја користат услугата за добивање на смс пораки за поведението и оценките на своите деца. Оваа услуга е дел од системот на електронскиот дневник, како дел од проектот „Информиран родител“, содржан во Програмата за работа на Владата на Република Македонија.
Министерот за образование и наука, Спиро Ристовски на прес конференција информираше дека оваа услуга ќе се реализира преку трите мобилни оператори во земјата. СМС услугата родителите може да ја активираат по своја желба согласно податоците кои ги оставиле кај класните раководители, а кои се внесени во електронскиот дневник. Ристовски рече дека оние родители кои не сакаат да добиваат СМС пораки, истиот извештај може да го добијат и преку електронска пошта. Инаку станува збор за извештај кој родителите би го добивале еднаш неделно со податоци за поведението, оценките и последните промени кај децата.
Ристовски напомена дека најголемиот предуслов за успешноста на понудената СМС услуга е одговорноста на наставниците, односно за да можат родителите да добиваат прецизни информации, тој вели дека наставниците ќе треба редовно, на неделна основа, согласно нивните законски обврски да ги ажурираат податоците во електронските дневници, од каде потоа се формира извештајот во форма на СМС порака. Од министерството за образование децидни дека сите технички услови за функционирање на оваа услуга се веќе обезбедени.
Но доколку при користењето на услугата се појави било каков проблем, родителите ќе можат да се обратат во министерството, преку контакт телефон и мејл адреса кои ќе бидат наведени на интернет страницата и исклучиво наменети за поддршка при користењето на оваа услуга.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град